Иванов во Свети Николе: Просперитетот на Македонија е приоритет
27.03.2014 00:56
Денеска, Иванов пред граѓаните на Свети Николе имаше обраќање како дел од својата предизборна кампања...

Програмата со која излегов во 2009 година да ја барам вашата доверба целосно е остварена, дури има и работи кои не беа предвидени, а се реализирани. Посветено работев овие 5 години. На средбите со шефовите на држави, премиери, претседатели на парламенти, шефови на дипломатија, странски државници, високи претставници на меѓународни организации, верски лидери, работев на отварање можности за македонската економија, за подобар живот на граѓаните на Македонија, истакна кандидатот за претседател на Македонија на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија", Ѓорге Иванов пред граѓаните на Свети Николе.
„Градот на свети Никола, градот на Тодорица. Општина на познати лозари, земјоделци, кои со плодовите на својата работа ја прехранувате Македонија. Чест е да бидам денес меѓу вас!“ се обрати Иванов пред светиниколци.
Нагласи дека економски раст и развој на Македонија, како и привлекувањее нови странски инвестиции ќе бидат прироритети и во следниот мандат.
Во се што правев не бев сам. И оддавам големо признание на Владата за вложените напори, бидејќи покажавме како се работи како тим, како тим за Македонија. Како тим успеавме да се исплати половина милијарда евра субвенции за земјоделството, донесени се речиси две милијарди евра странски инвестиции, спроведени се реформи во речиси секоја област, просечната пензија е зголемена за 62 отсто. Се работи за обезбедување достоинствен живот за пензионерите, бидејќи тоа го заслужуваат, тоа е нивно дело, за тоа работеле целиот работен век. Минатата година 85 пензионери од Свети Николе претстојувале на бесплатна бањско-климатска рекреација, годинава таа можност ќе ја користат уште 66 корисници на пензија, истакна Иванов.
Подвлече дека како претседател на Македонија имал одлична соработка и со извршната и со законодавната власт и со одговорните луѓе на бројни државни институции.
