Органското производство стагнира
Житото, добиточна храна, грозјето, ароматичните билки и јагнешкото се најпроизведуваната органска храна во Македонија. Досега се регистрирани скоро 850 фармери во овој бизнис,кои обработуваат површина од 4.200 хектари . Нивното производство главно се продава на домашниот пазар.

Органското производство во однос на 2018-та бележи раст кај лозовите насади, зеленчукот и овошјето.
Кај другите култури состојбата се менува и земјоделците кои одгледуваат индустриски и фуражни култури го напуштаат овој начин на одгледување, а родот во овие сктори е помал за 82 отсто.
Намалувањето на површините под органски култури доминира и кај ароматични, медицински и зачински растенија кои во 2018 година биле застапени со 99, а во 2019 со 80,2 проценти.
Во сточарското органско производство, водечка гранка е овчарството каде од 52.000 грла во 2014-та година, вкупниот број на овци во 2018-та се искачил на повеќе од 101 000. Зголемување има и на бројот на пчелните семејства.
Сепак, развојот на органското производство во државата е се уште забавен поради недостигот на соодветни заштитни средства што го прават актуелен трендот најмногу да се произведуваат култури кои имаат помала потреба за заштита како на пример ореви, лешници, јапонски јаболка и калинки.
Причината е што компаниите кои продаваат дозволени заштитни средства за употреба во овој бизнис сеуште немаат голема математика за нивна продажба поради ограничениот пазар.
Методија Трајков
