Муџахид: Новата влада наскоро ќе биде објавена
Ова е горд ден за народот во Авганистан, нанесовме огромен пораз на оние што ни ја запоседнаа земјата, сега Авганистанците можат да живеат слободно- изјави портпаролот на Талибанците...

Ова е горд ден за народот во Авганистан, нанесовме огромен пораз на оние што ни ја запоседнаа земјата, сега Авганистанците можат да живеат слободно- изјави портпаролот на Талибанците, Забихула Муџахид во интервју за Кинеската медиумска група.
„Без сомнение тоа ќе биде исламска влада. Луѓето направија огромни жртви за нејзино воспоставување. Се надеваме дека раководството ќе дојде до добар заклучок. Се обидуваме да го вратиме редот, најважна ни е безбедностана луѓето и воспоставување на владеење на правото. Се надеваме дека владата наскоро ќе биде објавена и сѐ ќе се врати во нормала“, изјави Забихула Муџахид, портпарол на Талибанците.
Како бунтовници, Талибанците имале огромни приходи, според набљудувачите на ООН, но таа сума е мала во споредба со барањата на Авганистан како земја- велат експертите. Во меѓувреме, таблоидот „Дејли Меил“ тврди дека Талибанците сега поседуваат 48 борбени хеликоптери и авиони по повлекувањето на американските војници, нагласувајќи дека го надминуваат бројот на воздушните сили на најмалку 10 земји на НАТО, меѓу кои и Албанија, Северна Македонија, Црна Гора, Словенија, Исланд, Луксембург, Летонија, Литванија и Естонија.
Според американската војска, пред нивниот последен лет од Авганистан, тие успеале да оштетат 73 авиони. Анти-талибанските сили велат дека ќе се борат во авганистанскиот паншир.
