Цените во земјоделството без големи менувања

27.03.2014 08:56

Февруари годинава бил без големи ценовни менувања во земјоделското производство. За разлика од лани дел од цените се покачиле, а дел од трошоците поевтиниле

Годинава почна  поволно  за земјоделците.

Податоците на државната статистика,на пример покажуваат дека во февруари годинава цените на нивните производи се зоглемени за скоро 10 проценти за разлика од истиот месец лани.

Најмногу поскапело  растителното производство за  2,3, а добиточното се продавало повеќе за 0,6 насто.

Трошоците пак бележат спротивен тренд.

Пресметаните бројки покажуваат дека тие биле помали за разлика од пред една година ,а во џебот на земјоделците останале повеќе  4,6  насто од средствата. 

Исто така е забележано дека во февруар биле помали и трошоците за тековно одржување за скоро  5 насто, а за средствата наменети  за инвестиции  на почетокот на 2014-та се потрпшени 0,6 проценти помалку.


Методија Трајков