На Деве Баир пронајдени и привремено одземени 100.000 швајцарски франци
При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.

При контрола на автобус пријавен за излез на граничниот премин Деве Баир, царинските инспектори од Одделението за оперативни работи привремено задржаа 100.000 швајцарски франци.
На Деве Баир за излез се пријавил автобус со македонски регистарски ознаки на превозникот Експрес Туризам од Гостивар, управувано од лицето Х.О државјанин на Турција, кој сообраќа на редовна линија Гостивар - Истанбул.
При извршена детална контрола и личен претрес на возачот во внатрешниот џеб на панталоните му биле пронајдени непријавени две пакувања обвиткани со црн најлон и селотејп трака во кои се наоѓале 100.000 швајцарски франци.
Девизните средства се привремено одземенa со Потврдa за привремено одземени предмети, а против пријавеното лице ќе биде поднесено Барање за поведување на прекршочна постапка до Основниод суд во Крива Паланка.
