САД

Њујорк под вода, прогласена вонредна состојба

02.09.2021 10:27

Спасувачите имаат полни раце работа. На сила е забрана за патување, речиси сите градски линии на метрото се прекинати, а од изутрината прекинати се и сите летови на аеродромот.

Вонредна состојба прогласена во Њујорк по обилните дождови и поплави предизвикани од ураганот „Ида“. Спасувачите имаат полни раце работа. На сила е забрана за патување, речиси сите градски линии на метрото се прекинати, а од изутрината прекинати се и сите летови на аеродромот.

Историско невреме со рекордни врнежи на дожд- напиша на Твитер градоначалникот на Њујорк, Бил Де Бласио, апелирајќи граѓаните да не излагаат од дома за да можат итните служби неречено да си ја извршуваат работата.

Ураганот го погоди централниот дел на источниот, атлантскиот брег на САД, предизвикувајќи поплави и торнада. Научниците предупредија на зголемување на активноста на различни циклони поради затоплувањето на површината на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.