Иванов во Прилеп и Битола, Пендаровски во Гостивар, Поповски во Скопје, Халими во Желино

27.03.2014 09:29

Кандидатите за претседател на Република Македонија и партиите што ги поддржуваат денеска ја продолжуваат предизборната кампања со митинзи и средби со граѓани во повеќе градови и населени места...

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорге Иванов денеска митинг ќе одржи во Прилеп и Битола, а ќе ги посети и Долнени, Кривогаштани и Крушево. 
 
СДСМ и нивниот кандидат за претседател Стево Пендаровски ќе одржат митинг во Гостивар, а средби со граѓани ќе имаат во Центар Жупа, Дебар, Маврово-Ростуше и Врапчиште.
 
Кандидатот на ГРОМ Зоран Поповски ќе ја претстави својата платформа на митинг во ТЦ Бисер во скопската општина Аеродром.
 
Митинг во Желино ќе одржи ќе одржи ДПА, која ќе го претстави претседателскиот кандидат Илијаз Халими.
 
ДУИ ќе ја претстави својата кампања „Не за едностран претседател“ во Струга.