Битола

Новите ковид мерки го преполовија протокот на луѓе и возила на „Меџитлија“

02.09.2021 13:22

Само два дена од стапувањето на сила на новите ковид-мерки за влез во земјава, статистиката вели дека на граничниот премин „Меџитлија“ преполовен е протокот на луѓе и возила на влез и на излез. Анализите велат дека во споредба со летните месеци од пред две години, летово на „Меџитлија“ влегле и излегле три пати помалку патници и возила.

По најновите Ковид мерки на влез и излез во земјава, патниците да покажат сертификат за примени две вакцини, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, негативен ПЦР или брз тест, на граничниот премин „Меџитлија“ за првите два дена фреквенцијата е намалена.

Главно се работи за патници кои доаѓаат од летување, транзитираат низ Битола. Велат дека биле запознати со новите мерки.

„Доаѓаме од Грција од годишен одмор. Сега ни бараа сертификат што не беше случај кога заминавме. Но, ние сме вакцинирани така да нема никаков проблем.“

„Веројатно така треба да биде и поголема превентива, мене не ми пречи ги имам потребните документи“, велат патниците кои ги анкетиравме.

Поради ПЛФ формулар потребен кај грчката полиција, во сè помал број и соседите од пограничниот појас. Пред објективот со воздржани изјави.

Ковид состојбите со негативен биланс во однос и на севкупниот проток во летните месеци.

Ако се има в предвид дека сме на прагот на есента, тогаш претпоставките се дека во вакви услови фреквенцијата на „Меџитлија“ ќе има тенденција на опаѓање.

Стевче Митревски