80% од повиците во итната помош се од пациенти позитивни на Ковид-19
Интерес за вакцинација има, но гужвите од пред неколку дена ги нема. Според надлежните, причина - отворените повеќе пунктови. А најголем дел од повиците во Итната медицинска помош се од пациенти позитивни на Ковид- 19...

Зголемен бројот на ковид- позитивни пациенти кои бараат интервенција од Итната медицинска помош. Оттаму велат дека од вкупниот број повици, 80 насто се од заболените со коронавирус. Тешко се постигнува, оценуваат во службата. Сепак, добро се организирани кога се транспортира пациент во ковид- центрите. Сите се поврзани преку вибер група со што веднаш добиваат информација каде има слободно место и каде да биде префрлен пациентот.
Во градов, кампањата за вакцинацијата е во полн ек, дневно се имунизираат над 10 илјади граѓани. Граѓаните велат дека вакцината е единствениот начин за да го заштитат здравјето.
Според Mинистерството за здравство, 53 над од населението над 40 години има примено барем една доза вакцина. А, кај населението од 18 до 39 години тој процент е 28 проценти. Сѐ уште е низок бројот на вакцинираните со две дози или речиси 550 илјади граѓани.
Граѓаните без закажан термин се вакцинираат низ сите постоечки пунктови од државава. Децата на возраст од 12 до 18 години се вакцинираат со согласност од родител.
Ана Јосифоска- Тодоровска
