Заев: Нема да има проблеми со пописот
Нема да има проблеми со пописот, убеден е премиерот Заев. Вели, голем дел од попишувачите се вакцинирани. Ќе се трудиме со максимална флексибилност граѓаните што ќе одбијат невакцинирани, да бидат попишани од вакцинирани попишувачи, став на шефот на владата. ВМРО-ДПМНЕ пак, поради епидемиолошката состојба побара електронски попис...

Пописот ќе се спроведува со максимална флексибилност, бидејќи тоа е исклучително важна статистичка операција, вели премиерот Зоран Заев, објаснувајќи го моментот што ако граѓани не сакаат да дадат податоци на невакциниран попишувач.
Шефот на владата појаснува дека ќе се направи рокада со вакцинирано лице. Очекува од граѓаните соработка со попишувачите и ваквите евентуални промени да се во мал процент.
Овој попис ќе трае 25 дена што остава можност за флексибилност и сто процентно попишување на граѓаните – посочува премиерот.
Во опозициската ВМРО – ДПМНЕ се согласни дека пописот е исклучително важна статистичка операција. Сепак, остануваат на ставот дека најбезбедно во време на пандемија и силен 4-ти бран на Ковид- 19, пописот да се спроведе електронски, со спојување на базите на податоци од сите институции.
Миле Ристески
