Образование

Царовска: Учебници и таблети има, учењето не е само учебникот

02.09.2021 15:35

Учебници и таблети има. Учењето не е само учебникот, тврди министерката Царовска. За одредени случаи каде што учениците посетуваат настава во лоши услови, одговорноста ја префрла на локалните власти, но, сепак, инспекцијата на терен...

Учениците имаат таблети и учебници, останува обврската наставниците и административниот кадар да ги инсталираат дигиталните учебници на таблетите, тврди министерката за образование. Царовска појаснува- ќе се учи преку дискусија, пракса и анализирање на содржините. За тоа дека во училиштето „Ѓорѓија Пулевски“ ученици учат во подрумски простории, одговорноста ја префрли на локалните власти, но сепак инспекторите излегле на терен.

23-ца избрани средношколци од трета и четврта година од медицинското „Д-р Панче Караѓозов“ ќе учат по нова програма во парцијална- дуална паралелка. Ќе се стекнуваат со знаење и вештини потребни за фармацевската индустрија. Наставата ќе ја реализираат во училиштето, а праксата во фармавцевска компанија. Ќе бидат дирекно вклучени во работниот процес, а ќе можат да се вработат веднаш по школувањето доколку за тоа се одлучат.

Преку проектот „Учи паметно, работи стручно“ има 1.384 ученици во 97 дуални паралелки со договори со 200 компании во 44 училишта. За 6 насто зголемен бројот на ученици во стручните технички училишта- со години потреба на државата.

 

Наташа Гркова- Петрушевска