Аграр

Законот за продажба на земјоделско земјиште наскоро во собраниска процедура

02.09.2021 15:52

Наскоро во собраниска процедура новиот Закон за продажба на земјоделско земјиште. Во земјава има речиси 50 илјади хектари. А, од сушата се погодени земјоделските култури во одделни региони. Се прави проценка на штетите. Министерот Хоџа најави дека идната недела со винариите ќе се договора цената на грозјето...

Сушата ги погоди земјоделските култури во одделни региони од државата, оценуваат во земјоделство. Според ресорниот министер, стручните лица за проценка на штетите се на терен. Хоџа најави- од идната недела со винарските визби ќе се договора цената на грозјето, треба да биде поволна и за двете страни.

Наскоро во собраниска процедура ќе се најде и Законот за продажба на земјоделско земјиште. Вклучени се дел од забелешките на земјоделците. Странците не можат да купуваат обработливи површини, можат да имаат удели. Земјиштето кое граничи со градежен реон нема да се продава.

Цената на државното земјиште ќе се движи до 1 евро за квадратен метар, за земјоделците кои го закупиле цената ќе се одредува во зависност од класата.

Според податоците во земјава се околу 50 илјади хектари државно земјоделско земјиште.

 

Дијана Ценевска