Почна реставрацијата на скопскиот Аквадукт
Министерката смета дека е потребно да се вложи знаењето и умешноста за неговата заштита за да го промовираме пред светот кој ја препознава вредноста на ваквите споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации. Од неодамна е прогласен за Културно наследство од особено значење.
Прва фаза од реставрацијата и конзервацијата на скопскиот Аквадукт. Водите што некогаш биле тука ќе се насочуваат кон друг канал, за да се зајакнат столбовите. Министерката за култура Стефоска, вели дека Аквадуктот не е градежен материјал за несовесните, ниту пак сеф со скриено богатство за крадците. Напротив, тој е скапоценост.
Министерката смета дека е потребно да се вложи знаењето и умешноста за неговата заштита за да го промовираме пред светот кој ја препознава вредноста на ваквите споменици и ги става на туристичките мапи како атрактивни дестинации. Од неодамна е прогласен за Културно наследство од особено значење.
Сепак, реставрацијата е тешка и скапа работа за која е потребен подолг период, велат надлежните.
На проектот ќе работат архитекти, конзерватори, историчари. Планот е Аквадуктот да добие соодветно место, не само како туристичка дестинација, туку и за културни и спортски манифестации.
Скопскиот Аквадукт е еден од последните на Балканот кој е зачуван во целост. Ремек – дело на старите градители коешто им пркосело на вековите, на природните непогоди, на војните и на луѓето.
Александра Спировска
