Меѓународниот транспорт е сигурен, функционира зелениот коридор

02.09.2021 16:36

Од понеделникот, македонските државјани се на црвената листа на Европската унија. И за нашите транспортери се појавија одредени проблеми при минувањето на границите, властите велат дека функционира зелениот коридор...

Не се очекува транспортерите да имаат проблем, ниту дополнителни загуби откако сме симнати од листата на земји безбедни за патувања. Досега успешно функционирале зелените рути, регионот одлично соработува. Со владината одлука, на барање на здруженијата на транспортерите, да не се подложни на тестирања и карантини при влез во земјава и да не се третираат како другите граѓани, владата смета дека им помогнала на транспортерите. Тоа фунционира и во другите земји.

Регионот има одлична соработка кога е во прашање транспортот на храна, лекови, па и вакцини.

Иако со застој во догледно време, државата смета дека автопатот Кичево- Охрид ќе биде готов до крајот на 2023 година. Владата подготви анекс, Собранието треба да го потврди за да се работи на големиот зафат вреден 600 милиона евра. Државата уверува дека не создала дополнителни трошоци, туку ги конкретизирала обврските и одговорностите.

 

Елизабета Митреска