Финансии

Државниот долг достигна 52% од БДП, јавниот- 64,4%

02.09.2021 17:19

Заклучно со 31-ви јули годинава државниот долг достигнал 52% од БДП, односно изнесува 5 милијарди и 971 милион евра. Според Министерството за финансии, јавниот долг со последниот ден од јуни 2021-ва достигнал 64,4 % од БДП.

Проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг предвидуваат негово стабилизирање и намалување на среден рок на 57,7% до 2026-та, додека државниот долг се очекува да изнесува 50,7%.

Заклучно со вчера капиталните расходи биле реализирани со 39,85% односно од буџетот биле потрошени 11 милијарди 876 милиони денари или 193 милиони евра, соопшти Министерството за финансии.