Седници на две собраниски комисии

03.09.2021 09:31

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за одбрана и безбедност и Законодавно-правната комисија.

На дневен ред на Комисијата за одбрана и безбедност се измените и дополнувањата на Законот за управување со кризи, во второ читање и измените и дополнувањата на Законот за внатрешни работи и на Законот за полиција, двата во прво читање.