САД

Расте бројот на загинати по ураганот „Ида“

03.09.2021 09:58

Голем дел од жртвите, животот го загубија во поплавените домови и однесени автомобили во поројот на улиците. Небото буквално се отвори- рече гувернерката на Њујорк, Кејти Хочул.

Најмалку 46 луѓе загинаа во поплавите на североистокот од САД, по што американскиот претседaтел Џо Бајден прогласи вонредна состојба во сојузните држави Њујорк и Њу Џерси, додавајќи дека се потребни „историски инвестиции“ за справување со климатската криза.

Голем дел од жртвите, животот го загубија во поплавените домови и однесени автомобили во поројот на улиците. Небото буквално се отвори- рече гувернерката на Њујорк, Кејти Хочул.

Забележани се невидени нивоа на врнежи. Регионот беше предупреден за потенцијално смртоносни поплави, но не се подготви за таков удар- тврдат американските медиуми.