Нов Зеланд: Терористички напад во Oкленд
03.09.2021 10:30
Полицијата го застрелала напаѓачот, кој според извештаите, бил државјанин на Шри Ланка и пристигнал во Нов Зеланд пред 10-ина години.

Шест лица се повредени во напад со нож во супермаркет во Окленд, Нов Зеланд. Полицијата го застрелала напаѓачот, кој според извештаите, бил државјанин на Шри Ланка и пристигнал во Нов Зеланд пред 10-ина години.
Премиерката Џесинда Ардерн инцидентот го оцени како „терористички напад“, додавајќи дека мажот бил инспириран од екстремистичката група Исламска држава.
