Јапонија: Премиерот Суга се повлекува од функцијата
03.09.2021 10:52
Суга се соочи со голем број критики, како и со голем пад на поддршката поради бавното спроведување на мерките против коронавирусот.

Јапонскиот премиер Јошихиде Суга по само една година се повлекува од функцијата. Изјави дека нема да учествува во трката за лидерство на владејачката Либерално-демократска партија на крајот на септември, дека се повлекува и дека сака да се фокусира на мерките за борба против пандемијата.
Суга се соочи со голем број критики, како и со голем пад на поддршката поради бавното спроведување на мерките против коронавирусот. Најконтроверзен момент, сепак беше одржувањето на Олимпијадата во Токио, и покрај грижите за јавното здравје.
