АСО

Осигуреници вложија 5 милијарди денари во полиси, 15,6% повеќе од лани

03.09.2021 11:18

Според Агенцијата, по експанзијата на корона кризата, континуиран раст бележи здравственото приватно осигурување. Во првите шест месеци, вложувањата во ова осигурување надмина 232 милиони денари што е за 38 отсто повеќе од лани.

Во првите шест месеци од годинава вложени пет милијарди денари во полиси или 15,6 проценти повеќе од лани, покажуваат податоците на Агенцијата за супервизија на осигурување.

Расте осигурувањето на имот кое достигнало вредност од 1,4 милијарди денари. За половина година склучени биле над 630 илјади договори за неживотно осигурување.

Според Агенцијата, по експанзијата на корона кризата, континуиран раст бележи здравственото приватно осигурување. Во првите шест месеци, вложувањата во ова осигурување надмина 232 милиони денари што е за 38 отсто повеќе од лани.

Раст на пазарното учество бележат сите 11 компании за неживотно осигурување.