Македонија

Инспекциски надзор во градинка во Автокоманда поради физички напад врз дете

03.09.2021 14:55

Случајот во полиција бил пријавен ноќта во средата од страна на мајката, која рекла дека вработената со тврд предмет го нападнала нејзиното дете. Од градинката Детска радост го потврдуваат случајот, но не го коментираат. Директорката вели со став ќе излезат штом заврши истрагата.

Дете згрижено во градинката Детска Радост во скопската населба Автокоманда било физички нападнато од жената што требала да го чува и воспитува. Случајот во полиција бил пријавен ноќта во средата од страна на мајката, која рекла дека вработената со тврд предмет го нападнала нејзиното дете.

Од градинката Детска радост го потврдуваат случајот, но не го коментираат. Директорката вели со став ќе излезат штом заврши истрагата.

Во меѓувреме тимови на полицијата и на Министерството за труд и социјална политика истражуваат што точно се случило. По извршениот вонреден инспекциски надзор, вработената која е под сомнение за несовесно постапување, до целосното расчистување на случајот ќе биде прераспоредена и нема да има контакт со децата, велат од Министерството.

Министерството е во директна комуникација со МВР за целосно и доследно да се истражи конкретниот случај, затоа што заштитата и негата на децата е најважен и врвен приоритет. Токму од тие причини ги преземаме сите неопходни чекори за утврдување на фактичката состојба – велат од ресорот за труд и социјална политика.

Анита Димитријевска Велковска