Прилеп: Четворица средношколци се во изолација поради случаи со Ковид-19 во семејствата
Ситуацијата во прилепските училишта се оценува како стабилна. Има четворица средношколци, веднаш ставени во изолација поради случаи на заболени во семејствата. Наставата е континуирана и будно се следи состојбата. На четвртоодделенците им стигна е-библиотеката...

Четворица ученици од прилепските средни училишта се веднаш ставени во изолација, за секоја сигурност, поради случаи на заболени во семејствата. Ситуацијата во петте средни и 10 основни училишта се оценува како стабилна, нема интерна трансмисија.
Досега осум родители, оправдано, побарале настава од дома за нивните деца, а над 700 гимназијалци наредните два месеца ќе имаат он-лајн настава поради градежни работи во училишната зграда. Во училиштата сѐ е според протоколите.
Во четвртите одделенија стигна и е-библиотеката. Околу 9.000 прилепски основци и средношколци се во училишните клупи.
Елизабета Митреска
