Статистика

Герасимовски: Треба да имаме успешен попис

03.09.2021 16:21

На неполни два дена до старт на најголемата, статистичка операција за попис на населението, домаќинствата и становите поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски оценува дека би требало да имаме успешен процес...

На неполни два дена до старт на најголемата, статистичка операција за попис на населението, домаќинствата и становите поранешниот директор на Државниот завод за статистика, Дончо Герасимовски оценува дека би требало да имаме успешен процес, со оглед на долготрајните подготовки на службите во заводот, како и технолошката екипираност на лицата коишто ќе го вршат пребројувањето.

Герасимовски појасни дека за првпат на овој попис, податоците од домаќинствата ќе бидат внесувани електронски, за да може да се вкрстат и споредбено да се проверат со базите на податоци во други државни институции.

Овој попис ќе биде спроведен според новата методологија која што е усогласена со стандардите на ООН и Евростат, вели Герасимовски. Според него, добро е што има електронско самопопишување на дијаспората за да се согледаат демографските трендови, внатрешната и надворешната миграција и наталитетот. Герасимовски е уверен дека повиците за бојкот на од одредени партии нема да го загрозат пописниот процес.

Герасимовски прогнозира дека финалните податоци од пописот може да бидат бидат објавени во рок од четири до шест месеци.

Игор Панов