Попис 2021

Почна пребројувањето на населението

05.09.2021 16:31

Почна пописот на населението. Се прибираат информации за граѓаните и домаќинствата. Од Заводот за статистика велат дека процесот стартувал без проблеми. Уверуваат дека ќе се одвива безбедно, по сите протоколи, без опасност од ширење на Ковид-19...

По 20 години пауза, почна пописот на населението. На терен се прибираат информации за граѓаните и домаќинствата. Според информациите од Заводот за статистика, процесот стартувал без проблеми, а граѓаните сакале да соработуваат. Попис се спроведе и во семејството Трајковски од скопската населба Ѓорче Петров.

По примерот со Трајковски, онаму кадешто има услови, семејствата ќе се попишуваат во двор или на тераса со целосно почитување на здравствените протоколи.

Во секое домаќинство ќе влегува по еден попишувач. Нема да се најавува на телефон, туку директно ќе ѕвони на врата. Попишувачите носат брендирани маици и легитимации кои ги содржат нивните лични податоци.

Најголемата статистичка операција ќе се одвива преку 50 регионални центри, во чиј состав влегуваат пописни комисии составени од секретарите на општините, државните и реонски инструктори и попишувачите.

Граѓаните избораат на кој јазик ќе дадат информации. Евиденцијата на едно 4 члено семејство во просек трае петнаесетина минути.

 

Анита Димитријевска- Велковска