Македонија

Пописот во Прилеп успешно започна

05.09.2021 16:36

Успешен старт на пописот и во Прилеп, Кривогаштани и Долнени. На терен се над 270 попишувачи...

Николче Филипоски е попишувач во реонот 52 во Прилеп со стотина домаќинства. Со лап-топот и со предзнаењата стекнати во обуката, од осум часот ја почна теренската работа - попис на населението, домаќинствата и на становите.

Филипоски е еден 273-јца попишувачи на теренот во Прилеп, Кривогаштани и во Долнени. Со нив се и 27 реонски инструктори кои им се при рака.

Процесот започна и се одвива без проблем, констатираат од пописната комисија.

Пописниот реон 19 што ги опфаќа Прилеп, Кривогаштани и Долнени е со вкупно 417 пописни кругови.

 

Елизабета Митреска