Со нови садници од рози ќе се неутрализираат отровите во почвата кај САСА

27.03.2014 10:23

Рудникот „САСА“ досега во еколошката заштита има вложено осум милиони евра. Со новите садници од рози ќе се неутрализираат отровите во почвата, за што беше направена стручна студија

По неодамнешната расправа за климатски промени, раководството на „Саса“ нарачало студија за нивото на стакленичките гасови во рудникот. Биле пријатно изненадени, бидејќи намалувањето се случило со набавка на новата механизација.

Врз основа на мерења од 2009-та па до сега, со оглед на големиот интензитет на работа и искористеност на дизел опрема, емисиите на штетни гасови  во рудникот се намалени за неколку десетици проценти“, вели директорот Максим Прохоров.

Грижата за средината може да значи набавка на опрема која помалку загадува како во случајот, или складирањето на отпадното машинско масло, како едно од задолженијата од А интегрираната дозвола, но и постојаното одржување на јаловиштето.

Во 2003 година се случи голема еколошка катастрофа, кога се излеа јаловиштето во Каменичка река. Сега јаловиштето е култивирана рамнина, пошумена со багреми. До сега рудникот вложил осум милиони евра во еколошка заштита.

Саса е првиот рудник, кој доби интегрирана еколошка дозвола, во која потроши два милиони евра. Меѓутоа, овој пример не го следеа големите капацитети.  Иако сме на пет дена до крајниот рок за добивање на дозволите, дел од поголемите капацитети побараа од владата продолжување на рокот.

Не знам како владата ќе се произнесе, но, верувам дека нема да им се дозволи. За сите оние кои нема да ги исполнат условите, најверојатно ќе следува или затворање или намалување на капацитетите“, изјави Соња Лепиткова, државен секретар во МЗЖС.

На силен дожд во рудникот Саса  се садеа рози. На градот Макеоднска Каменица рудникот донира толку садници, колку што има домаќинства .

„Ако пред некоја година на Денот на дрвото на старото јаловиште засадивме огромен број на  багреми во и го рекултивиравме, со оваа акција засадивме 1600 рози“, рече на настанот, градоначалникот Дарко Митевски.  

Со рози против оловото, како продолжение на континуираната грижа на рудникот за животната средина.

Весна Коловска