Во Штип и Карбинци првично ќе се попишуваат погусто населените подрачја
Во општините Штип и Карбинци првично ќе се попишуваат погусто населените подрачја, а во втора фаза ќе бидат опфатени селата од разбиен тип каде што има малку жители на поголема територија.

129 реонски попишувачи во Штип од утринава па до крајот на месецот треба да извршат попис на населението, домаќинставата и становите во општините Штип и Карбинци. Доволен број попишувачи има во сите шест пописни реони на истокот од државата.
Првично ќе се попишуваат жителите во погусто населените подрачја, а во втора фаза ќе бидат опфатени селата од разбиен тип каде има малку жители на голема територија.
Попишувачите ќе ги применуваат заштитните мерки, истото се препорачува и за граѓаните.
Пописот треба да обезбеди база на податоци за бројот и за структурата на населението според демографски, економски, образовни, миграциски и други белези.
Славица Величковска
