Авганистан
Талибанците соопштија дека ја презеле провинцијата Паншир
06.09.2021 11:44
Во соопштение наведоа дека последното упориште на непријателските платеници, провинцијата Паншир, е целосно преземена.

Талибанците соопштија дека ја презеле контролата врз авганистанската провинција Паншир. Во соопштение наведоа дека последното упориште на непријателските платеници, провинцијата Паншир, е целосно преземена.
Понатаму се наведува дека дека некои од бунтовниците биле поразени во битка, а други избегале. Им ветија на луѓето во Паншир дека нема да преземат никакви дејствија.
