Расте претприемништвото во Битола
Околу 500 лица од Битола се вработија низ процесот на претприемништво, финансиски поддржан од УСАИД. Од нив, 300 се нови претприемачи кои подоцна вработиле најмалку по едно лице...

Oд моделар до успешен претприемач со сопствена фирма. Десетгодишното стекнато искуство како дизајнер за познати брендови битолчанката Христина Лозановска успешно го преточи во сопствен бизнис. Веќе две години изработува екслузивни венчани. За невестите што доаѓаат однадвор посебно се интересни изработките со етно мотивите. Вели дека не е лесно да се биде жена претприемач, но искуството ја научило што е пресудното да се има континуитет во бизнисот.
„Без соодветен квалитет и цени што се конкурентни во поширокото опкружување не можете да сметате дека бизнисот ќе ви оди лесно“ вели 38 годишната Христина Лозановска.
Ваквите правила на однесување веќе даваат резултати. Најавува дека бизнисот започнат само со една нововработена деновиве ќе се прошири и ќе отвори уште некое работно место
„За скоро ќе отвориме нов изложбено-продажен салон, со што ќе го зголемиме производството, и понудата на нашите клиенти. Тоа само по себе ќе бара ангажирање на нова работна сила“, вели Лозановска.
Редува податокот што 300 работни места се обезбедени преку претприемачите од останатите дејости. Од фондацијата ,,Биснис Старт-ап Центар“ вела дека интересот бележи подем и во некои поспецифични области.
„Започнува да расте подемот кај земјоделските, иновациските, информатичко технолошките дејности и онаму каде што до израз можат да дојдат личните карактеристики на личноста, вели Сузана Трајковска- Кочанковсака раководител на битолскиот бизнис инкубатор.
Освен советодавните услуги за ваквиот подем пресудна беше и кредитната финансиска подершка од УСАИД. Во изминативе неколку години беа доделени триесетина кредити во вкпна висина од окулу 180.000 евра.
Стевче Митревски
