Ковид-19

Филипче: Училиштата не се ризик

06.09.2021 12:01

Два нови случаи на заболени ученици од Ковид-19. Министерот Филипче тврди училиштата засега не се ризик за епидемиолошката состојба во земјава. Неделава се отвора вакцинален пункт на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Целта е подгање на светста за имунизација кај младата популација...

Еден ученик од Велес е позитивен на Ковид- 19 што воедно е и првиот случај во внатрешноста. Заразено е и дете во скопски Карпош. Ова се најновите случаи по стартот на новата учебна година. Министерот за здравство Филипче вели дека бројката на позитивни ученици е мала. Повика да се почитуваат протоколите. 

Во вакциналните пунктови, имунизацијата тече без застој. Препорачана трета доза - засега само за имунокомпромитираните пациенти. Министерството се уште чека официјални препораки за сите останати граѓани, кои по трет пат би примиле вакцина шест месеци по втората.

Во кампусот на скопскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ в четврток ќе се отвори пункт за вакцинација.

Стапката на вакцинација кај полнолетните граѓани е 44 проценти. Според анализите досега се имунизирани 53 насто од граѓаните над 40 години.

Целта, велат од Министерството за здравство е да се поттикнат младите да примат вакцина затоа што меѓу најчесто се шири заразата.

Од министерството потврдуваат дека е евидентиран пад на бројките на новозаболени од вирусот. Показател за тоа е намалениот број на амбулантски прегледи и хоспитализации, посебно на Инфективната клиника и во тетовската болница.

 

Анита Димитријевска Велковска