Гвинеја: Заробен шефот на државата, распуштени институциите

06.09.2021 12:04

Војниците ги повикаа сите претходни министри и шефови на државни институции на состанок во главниот град Конакри, а ако не присуствуаат, тоа ќе се смета за бунт против новата влада.

Припадници на оружените сили на Гвинеја кои извршија државен удар го заробија претседателот Алфа Конде, прогласија распуштање на сите институции и воведоа полициски час во целата земја. Најавија дека гувернерите и началниците во регионот ќе бидат заменети со војници на тие позиции.

Војниците ги повикаа сите претходни министри и шефови на државни институции на состанок во главниот град Конакри, а ако не присуствуаат, тоа ќе се смета за бунт против новата влада. Пред приведувањето на Конде, имаше неколку часа силно пукање во близина на претседателската палата во главниот град Конакри.