Бесплатна телефонска линија за пријавување повреди при спроведување на пописот и локалните избори
Од канцеларијата на омбудсманот велат дека по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш. Ќе ја нема вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставките ќе се составуваат телефонски.

Народниот правобранител отвори бесплатна телефонска линија, 0800 54321 за пријавување повреди при спроведувањето на пописот на населението и локалните избори.
Од канцеларијата на омбудсманот велат дека по пријавите на граѓаните ќе се постапува веднаш. Ќе ја нема вообичаената постапка за поднесување претставка, туку претставките ќе се составуваат телефонски.
Народниот правобранител ги охрабрува граѓаните, доколку сметаат дека им е повредено некое од правата, да се јават на бесплатниот телефонски број, којшто ќе функцинира за време на пописот и двата круга од локалните избори.
