Мексико: Растеран конвојот мигранти упатен кон САД

06.09.2021 12:25

Мигрантите беа главно од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити и Венецуела.

Мексиканската полиција го растера карванот од околу 400 мигранти од Централна Америка, кои се надеваа дека ќе ја преминат границата со Соединетите Американски Држави.

Мигрантите беа главно од Ел Салвадор, Хондурас, Гватемала, Хаити и Венецуела.

За време на акцијата биле уапсени неколку лица, но повеќето мигранти избегаа од своја страна, полицијата го блокираше и автопатот за да спречи карванот повторно да се формира.

Според полициски извор, околу 80 лица се уапсени и се пред депортација.