Либија

Ослободен синот на Моамер Гадафи

06.09.2021 12:34

Саади Гадафи избега во Нигер за време на бунтот, но беше екстрадиран во Либија во 2014 година и оттогаш е затворен во Триполи. По ослободувањето се упатил кон Истанбул.

Либиските власти го ослободија Саади Гадафи, синот на поранешниот лидер Моамер Гадафи, кој беше соборен од власт и убиен за време на бунтот во 2011 година.

Саади Гадафи избега во Нигер за време на бунтот, но беше екстрадиран во Либија во 2014 година и оттогаш е затворен во Триполи. По ослободувањето се упатил кон Истанбул.

Поранешниот професионален фудбалер е обвинет за злосторства извршени врз демонстранти во 2011 година и за убиство на либиски фудбалски тренер во 2005 година.

Неговото ослободување е резултат на преговорите во кои учествуваа високи племенски личности и премиерот Абдул Хамид.