Авганистан

Талибанците прогласија крај на војната

06.09.2021 13:06

Талибанците ја презедоа контролата на провинција Панџшир - последното упориште на авганистанските сили. Портпаролот Муџахид прогласи крај на војната во Авганистан. Се закани - оние што продолжуваат да се борат против талибанците ќе се сметаат за непријатели на земјата. Националниот фронт бара примирје...

Талибанските сили објавија дека ја презеле контролата врз авганистанската провинција Панџшир. Тие наведоа дека последното упориште што не беше под нивна контрола е целосно преземено, дел од бунтовниците биле поразени во битка, други избегале. Талибанците им ветија на луѓето во Панџшир дека нема да преземат никакви одмазднички дејствија.

Во име на Исламискиот емират, ве уверувам дека никој нема да ви наштети. Војниците на Исламскиот емират се тука да ви служат.

Портпаролот на талибанците рече дека со таа победа ја добиле војната, а оние што продолжуваат да се борат против нив се сметани за непријатели на земјата и на авганистанскиот народ.

Националниот фронт на отпорот на авганистанците кој се бори против офанзивата на исламските милитанти тврди дека отпорот и натаму е активен низ целата провинција, иако оттаму ги признаа големите загуби и понудија примирје. Медиумите пренесоа дека Јефахим Дашти, портпаролот на Националниот фронт бил убиен во вооружени судири.

Во меѓувреме, талибанските безбедносни сили со истрели во воздух го растераа протестот на авганистанските жени кои бараат еднакви права.

Донесов одлука да протестирам против талибанците. Повеќе сакам да преземам ризик отколку бавно да умирам.“

„Сега мора да дејствуваме против талибанците. Во минатото беа увиени многу луѓе од нашата заедница.“

Некои британски ветерани од војната во авганистан си го одзедоа животот поради хаотичното повлекување на силите предводени од сад и победата на талибанците.

За жал, имаше војници кои служеа во Авганистан, вклучително и војници од мојата последна посета на Авганистан, кои минатата недела си го одзедоа животот поради чувствата што им се јавија по последните настани во Авганистан“, изјави Џејм Хипи министер за одбрана на Обединетото Кралство.

Британија загуби 457 војници во Авганистан, односно околу 13 проценти од жртвите меѓу 3.500 сојузнички сили од 2001 година.

Марина Ристова