Македонија

Нова поштенска марка по повод 30 години од независноста

06.09.2021 14:08

По повод 30 години од независноста на Македонија, издадена пригодна поштенска марка, која денеска беше промовирана во главната шалтер сала на дирекцијата на Поштата...

Како што пред три децении ја одбележавме независноста на Македонија, со поштенска марка од која симболично ечеа зурли и тапани, така сега промовираме марка на која е стилизирано македонското знаме, рече директорот на Пошта, Јани Макрадули. Марката е издадена во 6.000 примероци со номинална вредност од 72 денари.

Марката ќе најде соодветно место во колекциите на филателистите и понатаму со патување во светот преку писмата ќе биде најдобра промоција на нашата земја.

Макрадули рече дека централната зграда на поштата е споменик на културата кој што е врзан и со симболиката на солидарноста на Скопје, но и со независноста и самостојноста.

 

Александра Спировска