Заев: За уапсениот дипломат ќе се постапува согласно со меѓународните договори

06.09.2021 14:29

За уапсениот дипломат ќе се постапува согласно со меѓународните договори, вели премиерот Зоран Заев. Но, бидејќи се работи за наш граѓанин ќе ги дознаеме и сите правни акти за заштита...

Владата без детални информации за распишана меѓународната потерница за македонскиот дипломат. Премиерот Заев воздржан во коментарите. Вели-државата ќе постапи според меѓународно прифатените договори.

„Ние како држава која ги почитува меѓународните договори, ќе постапиме соодветно на тоа, но бидејќи се работи за наш граѓанинсакаме да ги дознаеме сите правни акти, зошто должност ние да ги штитиме нашите граѓани, но и да го почитуваме меѓународното правоЈас не сакам да навлегувам во причината зошто е побарана меѓународна потерница и екстрадиција. Таа информација ќе ја дадат соодветните органи“, изјави премиерот Заев.

Минисерот за внатрешни работи Спасовски, поконкретен. Појасни дека во МНР во 2019-та имало информации за можна вклученост на наши дипломати во одредена постапка, за што веднаш било известено Министерството за внатрешни, но немало меѓународна потерница за ниту еден дипломат. Посочи дека во тој период не бил министер за внатрешни.

„Меѓународната потерница е распишана од страна на Ерменија на 25 февруари 2020 година. Во тој момент јас сум претседател на Владата, а министер за внатрешни работи е Наќе Чулев. Што во тој момент е направено, дали е известено МНР или не, немам детални информации“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Дипломатскиот скандал, го активира вонредниот ветинг во МНР. Според шефот на дипломатијата Османи, веќе е формирана работна група која треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена закана за сигурноста и доверливоста поврзана со „Случајот Миленковски“.

Најави дека од сите раководни позиции ќе побара задолжително да поминат најстрога проверка преку системот на НАТО-сертификат, а истиот принцип ќе биде задолжителен и во пополнувањето на амбасадорските места.

Поранешниот министер за надворешни работи Димитров, пак се огради од одговорноста. Вели- Миленковски бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во2015 година, кога со МНР раководел друг министер, а барањето за продолжување на мандатот му било одбиено.

Марина Стојанова-Тонева