Статистика

Пописот продолжува, надминат проблемот со интернет конекцијата

06.09.2021 14:47

По привремениот прекин, продолжува статистичката операција во земјава. Надминат проблемот кои се јавил поради интернет конекцијата, па попишувачите повеќе од еден час не можеле да внесуваат податоци. Вчера, на првиот ден од пописот биле попишани над 94 илјади граѓани и повеќе од 28 илјади домаќинства. Попишувањето ќе се спроведува до 30-ти септември…

На вториот ден од спроведувањето на најголемата статистичката операција во државата, повеќе од еден час попишувачите не можеле да ги внесуваат податоците од граѓаните. Директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски рече дека имало проблем со интернет конекцијата, но тој е надминат и пописот продолжува без проблеми.

Во Тетово, некои граѓани одбиле да бидат попишани. На тие места попишувачите ќе одат повторно и ќе пробаат да ја решат ситуацијата со разговор, велат од Заводот.

Во скопска Гази Баба досега немале таков проблем, тврдат попишувачите.

Во овие два дена откако се спроведува пописот, некои граѓани побарале во нивниот дом да влезе попишувач кој е вакциниран, по што е направена рокада.

Викторија Милевска