Уште еден од етаблираните во аут!
Уште еднаш и на втората тениска мастерс 1000-ка некако се повторува приказната, дојде ли Федерер(5) до трет сет, што порано беше неговата психолошка карактеристика и предност, сега губи.
Кога сите веќе ја гледаа ½ финалната класика Ѓоковиќ-Федерер, 35 годишниот јапонец Нишикори со турнирскиот ранг 20, а АТП 21 по елиминацијата на Ферер(4) ланскиот финалист, доцна синојќа со лекција и за името и презиме во светото на тенисот, Роже Федерер(6:3, 5:7, 4:6).

Па сега, по она што го издемонстрира пак, вториот тенисер на светото Новак Ѓоковиќ со ланскиот освојувач на Мајами, британецот Енди Мареј, се чини србинот лесно ќе го трасира патот до финалето.
Покажа Новак два сета со своја доминација, иако според гемовите, во првиот впечатокот може да е поинаков(7:5), но затоа во вториот нервозниот Мареј успеа да извлече само три гема (6:3), што го промовираше србинот во ½ финалист.
Преостанатите двајца тенисери преку денeшните четворица кои ќе ја формираат завршната 4-ка на Флорида се, човекот број еден Надал наспроти 12-тиот на турнирот Раониќ(12). Долгополов(22), елиминаторот на австралискиот победник Вавринка(3), влегува во костец со 4 места послаб на списокот од неговата вчерашна жртва, 7-миот, Бердих.
Собранискиот сервис и натаму е местото за случувањата од мастерсот во Мајами, вечерва ги гледаме, Догополов(22)-Бердих(7).