Меѓународна конференција во Скопје

Економско заздравување по ковид- кризата

06.09.2021 15:39

Учиме од минатото, дејствуваме во сегашноста, се подготвуваме за иднината – во Скопје, меѓународна конференција за економско заздравување по ковид кризата. Надлежните уверуваат- имаме план, ситуацијата е стабилна. Странците советуваат – преку вакцинација до закрепнување...

Со дополнителни економски пакети годинава продолжуваме да закрепнуваме и да бараме излез од последиците на пандемијата предизвикана од Ковид-19, рече министерот за финансии Бесими на првата конференција посветена на економското заздравување и растот.

Првиот финансисер потенцира дека речиси 11 проценти од бруто домашниот производ бил насочен за зачувување на работните места, инвестиции, поддршка на економијата. Надлежните предупредуваат дека неизвеноста во економијата повторно е зголемена во третиот квартал поради четвртиот бран од пандемијата и дека проекцијата за раст на БДП од 4,1 процент годинава останува.

Светска банка очекува закрепнување на глобалната економија годинава и раст од 5,6%. Еден од главните предизвици ја смета имунизацијата на што поголем дел од населението. Се очекува да се подобри деловната клима, да се намалат административните процедури.

Перспективите за глобален раст остануваат многу неизвесни и во 2021-ва, и затоа меѓународните финансииски институции предвидуваат различним методи за закрепнување на светската економија.

 

Дијана Ценевска