„Куферко, светскиот патник од Македонија“- нова книга и театарска претстава за деца
Авторот, Симона Ристевска, преку патувањата на малиот Куферко, доближува интересни места и настани од Македонија. Режисер на детската претстава е Трајко Јордановски, а костимите се изработка на Катерина Митева-Бошковска.

Детската литература е збогатена со уште едно ново издание. Во Националната опера и балет е промовирана книгата „Куферко, светскиот патник од Македонија“ и е одржана премиера на истоимената театарска претстава.
Авторот, Симона Ристевска, преку патувањата на малиот Куферко, доближува интересни места и настани од Македонија. Режисер на детската претстава е Трајко Јордановски, а костимите се изработка на Катерина Митева-Бошковска.
Оваа книга преку малиот љубопитен лик, Куферко, неговиот волшебен свет и посетите на значајни места во Македонија, го збогатува знаењето на децата за разновидноста на нивната татковина. Илустрациите се на Симона Јовчевска. Книгата има значајно место во детската литература и во државава, а посебно во дијаспората.
Ова е прва книга од серијата посветена на Куферко, со што во нашата издавачка дејност се создава автентичен домашен бренд.
Аида Николовска
