Сад
Бајден во посета на Њујорк и Њу Џерси по ураганот „Ида“
07.09.2021 09:53
Според последниот биланс, околу 50 луѓе загинале во таа област по минувањето на „Ида“.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе ги посети Њујорк и Њу Џерси за процена на штетите по ураганот „Ида“. Според последниот биланс, околу 50 луѓе загинале во таа област по минувањето на „Ида“.
Бајден претходно ја посети Луизијана, првата американска држава погодена од ураганот. Научниците претходно предупредуваа на зголемена активност на различни циклони поради затоплување на океаните и климатските промени, што претставува зголемена закана за крајбрежните населби низ целиот свет.
