МВР: 133 санкционирани возачи во Скопје

07.09.2021 10:33

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 48 за непрописно паркирање.

На територијата на град Скопје во текот на вчерашниот ден вкупно се изречени  133 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 21 санкција, седум за возење без возачка дозвола, 10 прекршоци што ги чинат пешаците, соопштуваат од МВР.

Изречени се седум мерки за возење под дејство на алкохол, осум прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 48 за непрописно паркирање.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од министерството.