Лошите временски услови ја прекинаа потрагата по малезискиот авион

27.03.2014 10:51

Со тоа дополнително се намалени шансите за пронаѓање на остатоците ...

Лошите временски услови ја откажаа потрагата по авионот на Малезија ерлајнс за кого се верува дека се урнал во јужниот дел на Индискиот Океан.

Со тоа дополнително се намалени шансите за пронаѓање на остатоците од леталото забележани на новите сателитски снимки.

Малезискиот министер за транспорт Хишамудин Хусеин рече дека е важно сега да се потврди дека се пронајдени делови од авионот, којшто исчезна еден час по полетувањето на 8-ми март и по кого интензивно трагаа 26 земји.