ЕУ: Да се ослободат политичките затвореници во Белорусија
07.09.2021 10:43
Унијата смета дека пресудата на опозицијата е бесрамно непочитување на човековите права.

Европската унија ги повика белоруските власти итно и безусловно да ги ослободат политичките затвореници во Белорусија, како и опозиционерката Марија Калесникова, која беше осудена на 11 години во затвор „за поткопување на националната безбедност“.
Унијата смета дека пресудата на опозицијата е бесрамно непочитување на човековите права.
Според проценките во Белорусија има повеќе од 650 политички затвореници. ЕУ воведе санкции против Лукашенко и неговата влада поради угнетување на опозицијата. Пресудата беше осудена и од опозицијата во Вашингтон, Лондон и Берлин.
