Вакциналниот пункт на УКИМ ќе биде отворен секој работен ден од 8 до 14 часот
Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на Универзитетот...

Вакциналниот пункт на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ ќе биде ставен во функција до крајот на оваа недела. Истиот ќе биде отворен секој работен ден, од 8 до 14 часот.
Во него ќе работат обучени лица, двајца доктори и две сестри од Поликлиниката на УКИМ во Скопје . Просторот е снабден со информатичка, како и медицинска опрема согласно постојниот протокол и потребите, соопштуваат од Ректоратот на УКИМ.
Вакцините, и друга стручна помош, ќе бидат обезбедени од Министерството за здравство.
Целта на вакциналниот пункт е да се олесни и забрза процесот на вакцинација на студентите и вработените на Универзитетот, со што Универзитетот веќе обезбеди простор и соодветна опрема за таа намена, во Кампусот на општествените науки на приземјето на Економскиот факултет во Скопје- велат од Ректоратот.
