Полска: Парламентот даде виза за вонредна состојба

07.09.2021 11:01

Декретот беше потпишан од страна на полскиот претседател Анджеј Дуда минатата недела. Сега само жителите имаат пристап три километри долж Полско-белоруската граница, што инаку не им е дозволено ниту на новинарите.

Полскиот парламент даде зелено светло за воведување вонредна состојба во пограничниот регион со Белорусија, поради мигрантите од Блискиот Исток кои преку Белорусија доаѓаат во Полска.

Декретот беше потпишан од страна на полскиот претседател Анджеј Дуда минатата недела. Сега само жителите имаат пристап три километри долж Полско-белоруската граница, што инаку не им е дозволено ниту на новинарите.

Ова е прва вонредна состојба во Полска по пресвртот во 1989 година. Владата испрати и илјадници војници на границата и почна со поставување бодликава жица.