Авганистан: Студените се вратија на факултетите, разделени со паравани
Студентите и студентките ја почнаа наставата на универзитетите откако талибанците ја презедоа власта. На некои факултети се одвоени со завеси или табли во средината на предавалните. Правата на жените ќе се почитуваат според исламскиот закон, тврдат талибанците...

Студентите се вратија на настава на факултетите за прв пат откако талибанците ја презедоа власта во Авганистан. Машките и женските се разделени со паравани што се протегаат низ средината на предавалната. На студентките им се советува да носат долга, широка, црна туника што ја покрива косата, наречена абаја и превез на кој се гледаат само нивните очи, односно, никаб.
„Мислам дека ја почитувам исламската облека. Не носам црна абаја, бидејќи мислам дека е премногу жешко за тоа, премногу, тешко е да се носи сега“, вели една студентка.
Доаѓањето на талибанците на власт веќе се чувствува во Авганистан. Долгите исламски облеки се вратија на улиците на Кабул и се задолжителни. Особено во приватните универзитети, каде наставата почна на -ти септември. Жените можат да учат, но мора да го сторат тоа далеку од машките погледи.
„Пред да учиме, бевме другари, а сега оваа завеса, прави ужасен притисок, но немаме избор.“
„Ова е апсурдно. За нас се престанува, многу луѓе си заминаа. Се чувствувам осамено и очајно“, велат студентките.
Министерот за високо образование на талибанците, Хакани, рече дека девојките мора да разберат дека тоа е за нивно добро.
„Останува на универзитетите и наставниците да обезбедат да се почитува нашиот декрет, исламската облека и почитувањето на шеријатскиот закон“, изјави Абдул Баки Хакани, талибански министер за високо образование.
Не е познато какви ќе бидат правилата на државните универзитети.
Кога талибанците владееја со Авганистан од 1996 до 2001 година, на девојчињата им беше забрането да одат на училиште, а на жените да работат.
Откако ја освоија целата земја поради повлекувањето на западните сили, меѓународната заедница бара од талибанците да ги почитуваат правата на жените.
Марина Ристова
