Празник

Македонија слави 30 години независност

08.09.2021 10:12

На денешен ден во 1991-ва година беше прогласено дека Република Македонија ќе оди по сопствен пат, како независна и суверена држава. Централната свеченост по повод 8-ми септември е попладне на платото пред законодавниот дом. Ќе се обрати државниот врв...

Македонија слави 30 години независност. 8-ми септември важен датум од историјата, ден кога пред три децении граѓаните на референдум се изјаснија за независна држава.

На денешен ден во 1991-ва година беше прогласено дека Република Македонија ќе оди по сопствен пат, како независна и суверена држава.

Централната свеченост по повод 8-ми септември е попладне на платото пред законодавниот дом. Ќе се обрати државниот врв.

Прославата ќе биде збогатена со музичка програма и дефиле на независноста. Ќе учествуваат ансамбли и културно-уметнички друштва, рудари, земјоделци, волонтери на црвениот крст, извидници, здравствени работници, спортисти, пожарникари, припадници на полицијата и армијата.

Свечената прослава по повод 30 години независност може да ја следите во живо на МРТ1 со почеток од 17:40 часот.