Пендаровски и Заев оддадоа почит на поранешните претседатели Глигоров и Трајковски
Изутрината претседателот Пендаровски, премиерот Заев, владини претставници, делегации, амбасади и политички партии положија цвеќиња и им оддадоа почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски...

Изутрината претседателот Пендаровски, премиерот Заев, владини претставници, делегации, амбасади и политички партии положија цвеќиња и им оддадоа почит на вечните почивалишта на претседателите Киро Глигоров и Борис Трајковски на градските гробишта Бутел во Скопје.
Напладне шефот на државата на свечена церемонија ќе ги одликува со ордени „8-ми Септември“ Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско Аобрание, и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990-та до 1994-та година.
